Од денеска сите можат да го видат вашиот Фејсбук профил


Facebook целосно ја укинa опцијата за приватност преку која беше oвозможно да се одбере дали сакате да ве пронаоѓаат по името додека пребаруваат на фејс.

Во декември 2012. година Фејсбук на корисниците им ја понуди опцијата „Who can look up your Timeline by name?“. и постоеше избор вашето име и профил да не се видливи за јавноста – освен за оние со кои имате заеднички пријатели.

facebook-apСпоред Фејсбук оваа опција слабо се кроистела и затоа одлучиле да ја згаснат.

Отсега немате избор да се сокриете на фејс – може сепак и понатаму да ограничите што да биде видливо за оние кои не ви се пријатели, да ги жзатворите сликите timeline, или постовите – во тој случај тој што ве бара ќе може да ја види само вашата профил слика и името но не и останатата содржина на вашиот профил.

Фејс до сите оние кои ја имале вклучено оваа опција деновиве испрати потсетник дека опцијата се гаси

„За мал процент корисници кои ја користат оваа опција го вклучивме информирањето и потсетник дека во текот на претстојните недели ја гасиме. Дали ја користите или не, опцијата на приватност и видливост на содржините кои ги објавувате на Фејсбук најдобро е да ја одредувате во секоја поединечна објава“, стои помеѓу останатото во официјалната објава на социјалната мрежа.

Фото – А1Он

Screenshot_44

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1