Од гроб на девојка закопана пред 16 години украдено злато


Во атарот на село Лавци, битолско, засега непознат сторител извршил сквернавење на гроб, соопшти МВР.

Тој ја извадил од лежиштето и ја оштетил надгробната мермерна плоча, го ископал гробот, по што украл златен накит вреден околу 15.000 денари, а причинил материјална штета од околу 20.000 денари.

Според локалните жители гробот е на девојка која починала млада и е погребана пред 16 години. Полицијата најверојатно ќе се фокусира и на некој кој можеби знаел дека девојката била погребана со омилениот накит.

grobista

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1