Од Грција и Хрватска се шири „Супер бактерија“ отпорна на лекови – зголемен број на заразени


Австралијците во се поголем број се враќаат од странство заразени од супер бактерии отпорни на лекови, што сега ги наведува болниците да пациентите со висок ризик бидат ставени во изолација, со настојување да го запрат ширењето на смртоносните зарази, пренесува Денешен.

Меѓу земјите од кои доаѓаат заболените пациенти се наоѓаат и Хрватска, Грција, Индија, Колумбија, Филипини и Маурициус.

bakteria, virus, labaratorijaДиректорот на отсекот за заразни болести во болницата Остин во Мелбурн, Линдзи Грејсан, вели дека, се до неодамна, заразата од супербактерии се појавувала кај луѓе со послаб имунитет. Меѓутоа, во Остин сега доаѓаат и пациенти инфицирани по престојот во странските болници.

Во текст за „Медицински журнал на Австралија“, докторите од Остин изнеле дека помеѓу декември 2011 и февруари 2013 имале десет пациенти заразени со супербактерија за време на престојот во странство.

Во еден случај, кај 66 годишен пациент опериран во грчка болница дошло до прскање на дебелото црево заразено со супербактерија. Кога му е стабилизирана состојбата тој е префрлен во Австралија и сместен во оваа болница каде докторите без успех ги пробале сите антибиотици и на крајот морале да му го отстранат цревото. Во болницата останал под строг надзор три месеци. Под тоа се подразбирало да биде во соба со еден кревет и едно купатило само за себе. Собата дневно е чистена со силни средства за чистење, за него е користена единствена медицинска опрема, а никаков контакт со него не смеел да биде воспоставен без маски и ракавици. Професорот Грејсан вели дека во случајот на овој човек, здравата бактерија е заменета со супербактерија.

operacija-hirurgija03-269x236Докторите велат дека австралиските власти треба да го разгледаат предлогот од болниците да се бара да поднесат извештај за случаите на зараза со супербактерии, „за да се превземат мерки за оваа, растечка закана на национално ниво“.

Професорот Грејсан наведува дека супербактериите станале толку чести, што во неговата болница, кога се работи за пациенти кои се враќаат од странство, тие веднаш превземаат мерки да го запрат ширењето на заразата и на другите, ставајќи ги во изолација.

Тој и неговите колеги велат дека забрзаното ширење на супербактериите станало алармантно. Според нив, Австралија се уште има среќа бидејќи проблемот се уште не станал ендемски, но тие исто така предупредуваат дека меѓународните патувања значат дека суперактериите веќе не се со ограничени географски граници.

Храната и водата „виновници“

До заразата доаѓа преку конзумирање заразена вода или храна во странство, како и со престој во загадени болници. Кај некои луѓе, супербактериите можат да настанат во цревата, но тие да не заболат, додека кај други појавата на зараза е отпорна на лекови.

Денешен.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1