Kосовците кои одат во туѓи војни ќе добијат 15 години затвор


Kосовската влада вчера го одобри нацрт-законот кој предвидува казна затвор во траење од 15 години за оние што ќе земаат учество во вооружени конфликти надвор од земјата, пренесе порталот „Лајме шќип“.

borci sirijaОвој нацрт-закон доаѓа по вознемирувањата и дебатите што се појавија поради учеството на Албанците од Kосово во војната во Сирија.

Министерката за интеграции на Kосово, Влора Читаку, на својот профил на „Фејсбук“ вчера го потврди усвојувањето на законот.

– Kосовската влада го одобри нацрт-законот според кој одењето во вооружени конфликти надвор од територијата на земјата се смета за кривично и дело казниво со до 15 години затвор – напиша Читаку.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1