Од идната недела студ и снег


Топлото време според синооптичарите ќе трае до крајот на оваа недела. Од следната не очекува постудено време со врнежи од дожд и снег. Максималните темпертури ќе се движат до пет степени, а утринските ќе бидат во негатива.


Од средината на оваа недела се очекуваат врнежи кои ќе станат пообилни од четврток, а ќе дува и засилен јужен ветер.
Од Управата за хидрометеоролошки работи, очекуваат температурите регистрирани во ноември годинава да бидат над просечните, ако се земе предвид дека и во текот на летните месеци, а и во октомври биле над просекот.

Така во октомври во Штип биле за 3,2 степени над просекот, во Битола и Прилеп за 2,8, во Охрид за 2,1 степе и во Гевгелија за 3,6 степени. Температурите се во однос на просекот за периодот од 1961 до 1990 година.

Оттаму потенцираат дека високи температури во овој период се регистрирани и во претходните години. Така во Скопје во ноември 2010 година е регистрирана температура од 26,2 степени, во Струмица во 2004 25,6 степени, во Берово во 2002 година е регистрирана 24,8 степени.

Температурата се зголемува како резултат на глобалното затоплување. Неодамна анализа на Светската банка покажа дека Македонија ќе биде едно од најпогодените подрачја од климатските промени во светот и затоа треба да се преземат мерки и да се вложува во ткн. зелена политика.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1