Од идниот месец миленичињата мора да имаат микрочип за идентификација


Од идниот месец ќе биде задолжително идентификувањето на миленичињата со микрочип. Согласно Правилникот донесен во јануари годинава, за бездомните животни оваа обрвска ја презмаат стационарите.

kuce invalidКако што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, идентификацијата ќе ја спроведуваат овластени ветеринарни друштва. Со неа ќе бидат опфатени кучиња и мачки. Сопствениците се должни да ги идентификуваат миленичињата максимум шест месеци од нивното раѓање.

За оние што нема да ја реализираат обврската, според Законот, предвидени се глоби, до 1.000 евра за правно и 80 евра за физичко лице. Но, интенцијата не е да се казнува, туку да се зголеми свеста за идентификација која ќе овозможи квалитетна здравствена заштита.

Санкции има за лицата кои земаат, а потоа ги пуштаат кучињата повторно на улица.

Посебна комисија ќе го одредува процентот на социјализација на кучињата скитници. Друга комисија, пак, ќе проценува кое куче, домашно или скитник, е опасно или агресивно. Земени ќе бидат предвид повеќе фактори, раса, карактер, температмент,… со што практично ќе се прави селекција, односно ќе се одлучува околу вдомувањето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1