Од каде пари? Монструмот кој ја уби Тијана на адвокатот му плаќа 150.000 евра?


Виктор Гостиљац, адвокатот кој го застапува Драган Ѓуриќ, осомничн за свирепо убиство на Тијана Јуриќ (15) во Бајмок, на одбрана на својот клиент, според официјалната адвокатска тарифа, би можел да заработи 12.000 евра. Но, како што дознава српски Курир од адвокатите кои се занимаваат со кривично право, цифрата за одбрана на најголемите злосторници може да достигне и неверојатни 50.000 до 150.000 евра. Дали парите го потикнале познатиот адвокат да прифати да го брани Ѓуриќ, Гостиљац не сакал да открие.

dragan-djuric_ffМотивот може да биде утврдување на вистината, професионален престиж и пари, наведува Гостиљац, но не сакал да каже што од тоа е неговата сатисфакција.

Адвокатот Небојша Милосављевиќ верува дека мотивот на Гостиљац да го брани Ѓуриќ не се парите, туку реклама.

– Веројатно го понел случајот. Го сметам за одважен адвокат, кој застана да го брани човекот против кој се дигна цела земја. Тоа е професионален предзвик бидејќи таков предмет се појавува еднаш во 100 години. Кај најтешките кривични дела пресудата може да биде или максимална или ослободителна, а се` останато има врска со корупција, вели Милосављевиќ и додава дека висината на одбраната зависи од случајот.

– Има адвокати кои астрономски ги наплаќаат услугите. Се зборува дека земаат по 50.000, но и 150.000 евра. Ако се знае дека поединци имаат огромни богатства, а се знае дека тоа го направиле од адвокатура, јасно е колкави се хонорарите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1