Од климата болат зглобовите, потскокнува срцето, а води и кон астма и бронхитис



Дури 50 проценти од болестите во затворени простории настануваат поради загадениот воздух, а во климите се насобираат бактерии, мувлата и габи кои предизвикуваат тешки инфекции.
Доколку клима уредот редовно се одржува, таа не само што го прочистува воздухот, туку и ја намалува неговата влажност и ги отстранува непријатните мириси. Но, постојат и опасности кои често се појавуваат од нерационално прилагодување на температура и несоодветно одржување на клима уредот.
Разликата помеѓу внатрешната и надворешната температура не треба да биде повисока од шест степени, а клима уредот треба да биде исчистен и дезинфициран најмалку двапати годишно бидејќи не само во филтерот туку и во целата клима се собираат огромен број на нечистотии.

Лошото одржување може да доведе до различни видови на респираторна инфекција (вирусна пневмонија и бронхитис, слузокожна иритација на очите, носот и грлото, кашлање, главоболки, замор и недостаток на концентрација. Оваа група на симптоми е наречена “синдром на болна зграда”. Симптомите се подобруваат или исчезнуваат откако ќе се напупти просторијата во која има лоша “клима”.

Од сите опасни бактерии, најлоша е легионелата. Оваа болест се развива од 2 до 10 дена континуирано седење под непрочистена централна клима. Болеста започнува со малаксаност, поспаност, главоболка и температура до 40 степен. Покрај овие симптоми, можни се и проливи и сува кашлица. За да се избегне оваа болест климата треба редовно да се сервисира, а некои внатрешни филтри мора да се мијат во млака вода на секои 15 дена.
Особено е важно да се внимава на температурата на климатизерот во просториите каде што има деца. Ако климата е пуштена на многу ниска температура децата може да заработат запаление на увото.

Доколку ја наместите климата на многу ниска температура вашето тело ќе биде во шок секој пат кога ќе излезете од климатизираната просторија, а тоа е особено опасно за децата, постарите лица и хронично болните бидејќи тие се подложни на топлотна исцрпеност и топлотен удар, што може да има и смртоносни последици. Разликата во температурата не смее да биде поголема од од осум степени бидејќи тоа ќе биде товар на циркулаторниот систем и може да ја влоши состојбата на срцеви пациенти, но дури и младите и здрави луѓе може да почувствуваат болка во градите.

Сепак, најчестата реакција од прениските температури на климите се течење на носот, кивање, кашлање и други симптоми слични на грип.


Неколку совети:
Не ги носете бебињата во премногу изладени трговски центри
Температурата од автомобилот кој е климатизиран треба полека да се зголемува за телото да се адаптира на температурата надвор од автомобилот.
Ако излегувате од домот на повеќе од 15 минути, исклучете ја климата, бидејќи нема никаква корист да работи доколку не сте дома.
Ако ја вклучувате климата за време на ноќните часови, се вклучува ноќно или тивко работење, бидејќи се намалува бучаввата, а заштедува и електрична енергија.
Доколку тепмературата на климата во текот на целиот ден се зголеми за само два до три степени, потрошувачката на енергија се намалува за 60 проценти.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1