Од комбе паднале милион долари – минувачи се потепале да ги собираат (Видео)


Еден куп пари, вредни стотици илјади евра, се истуриле на прометна улица во Хонг Конг, откако на комбе кое пренесувало пари поради непознати причини му се отворила блиндираната врата и испаднале сандаци со пари. Според информациите од возилото испаднале близу 2 милиони долари. Возачот не забележал и продолжил да вози се до дестинацијата каде се упатил кога видел дека недостасуваат сандаци со пари а вратата е отворена.

pare-na-sve-strane-iz-kamiona-ispao-novac-1419456235-601861

Веднаш повикале полиција. Во меѓувреме на автопатот настанал вистински хаос и сообраќајот бил сопрен бидејќи минувачите веднаш притрчале на улицата за да ги соберат парите. Грабал кој колку можел.Застанувале и автомобилите, чии возачи „собрале“ дел од парите.

Полицијата ги повика сите што зеле пари веднаш да ги вратат во спротивно им се заканува казна затвор. Тешко на оние кои ги има на снимките. Еве како изгледаше собирањето на близу 2 милиони долари од улица

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1