Од маглата ќе здивнеме во четврток – прогноза до крајот на неделата


magla-3-Спас од загадувањето, според синоптичарите може да се очекува во четврток кога има шанси маглата да се дигне или барем да се намали, а до кон крајот на идната недела можни се и врнежи од дожд.

Во Македонија во вторник во утринските часови ќе има појава на магла, која понекаде ќе се задржи и претпладне, а во текот на денот ќе биде претежно облачно. Слаб ветер. Утринските температури од -4°C до 2°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 4°C до 10°C.

Во Скопје во вторник во утринските часови ќе има појава на магла, кога ке се задржи и претпладне. Во текот на денот претежно облачно. Слаб ветер. Утринската температура од -3°C, а дневната ќе достигне до 6°C.

Во текот на ноќта ќе има појава на слаба магла

Во среда во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно, а повремени сончеви периоди ќе има во попладневните часови. Во попладневните часови ќе дува и умерен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а максималните дневни температури од 4°C до 11°C.

24.12.2013--620x482Конечно позитивни вести што се однесува до загадениот воздух во македонските градови. Во четврток и петок Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност па се очекува засилен ветер и врнежи од дожд во четврток и петок со што значително ќе се прочисти воздухот.

Во четврток во Македонија ќе биде умерено облачно и ветровито. Во доцните попладневни и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 0°C до 7°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 11°C.

На планините над 1600 метри со врнежи од снег.

Во петок во Македонија ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Локално се очекуваат да наврнат и до 25 литри дожд. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 2°C до 8°C, а максималните дневни температури од 5°C до 12°C.

На плнините над 1600 метри со врнежи од снег.

weather4all.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1