Од март по британски визи и во Скопје


Од 26 март годинава, сите македонски граѓани на кои им е потребна британска виза ќе можат да аплицираат во компанијата „Teleperformance“, која има потпишано договор со британската Агенција за визи и миграција.

visaАпликациите за визи ќе се примаат со претходно закажан термин во канцеларијата на компанијата која ќе биде лоцирана во трговскиот центар Соравија и ќе работи од 9 до 13 часот од понеделник до среда.

За услугата, граѓаните ќе треба да платат 59 фунти.

Повеќе информации околу измените во врска со начинот на работа, граѓаните ќе можат да добијат преку веб страната на Амбасадата на Велика Британија.

Британската Агенција за визи и миграција на 30 септември објави дека глобалните договори за оперирање со центрите за аплицирање за визи им се доделени на фирмите Teleperformance Ltd и VFS Global.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1