Њујоршката уметница Хедер Дуи Хагборг нејзините сограѓани чудно ја загледуваат додека од улиците собира нокти, влакна и догорчиња, но нејзините чудни навики имаа подлабока смисла бидејќи од овој генетски материјал таа го издвојува ДНК примерок врз чија основа изработува модели на лица и со помош на 3Д принтер создава скулптури.
Триесетгодишната Хедер Дуи, којашто себеси се опишува како „информатички уметник” подготвува докторат на електронски уметности на Rensselaer Polytechnic Institut во Троја, Њујорк.
првично започнала да собира примероци од коси од јавните њујоршки тоалети, а потоа и остатоци од цигари и мастики за џвакање, но сепак одбива да собира примероци од лиги и употребени кондоми, се наведува на интернет страницата на магазинот Smithsonian.
Уметницата завршила курс по молекуларна биологија па примероците во лабораторијата ги става во центрифуга за од нив да ја издвои ДНК-та.
потоа предизвикува реакција додека не добие двојки аденин, тимин, цитозин и гванин од чија низа собира податоци за предците на тоа лице, полот, бојата на очите, оддалеченоста меѓу очите итн. Следна фаза е компјутерска обработка на добиените резултати.
Сите податоци ги внесува во компјутер за да добие тродимензионален модел на лицето на одредена личност.
Дуи нагласува дека за изгледот на некоја личност е најзаслужно нејзиното потекло, додека според другите податоци го изработува портретот.
Меѓутоа, нејзината работа го привлече вниманието на патолог за кој сега изработува портрет на непозната жена за да биде утврден нејзиниот идентитет.