Од насмевка во смрт – фотографии направени непосредно пред смртта


Селфи манијата одамна ја зарази планетата, но освен убави и весели фотографии, постојат и онакви кои се направени непосредно пред смртта.

1. Ксенија Ингатиева – таа се качила на врв на мост за да ги импресионира своите пријатели, но 17-годишната Русинка изгубила рамнотежа и паднала, по што трагично го изгубила животот.selfi1

 

2. Џени Ривера – мексиканската поп ѕвезда во декември 2012 година се фотографирала со својата екипа непосредно пред да се сруши авионот во кој се наоѓале. Никој не преживеал.selfi2

 

3. Кортни Сенфорд – во април годинава Кортни ја поставила ова фотографија откако во својот автомобил ја слушала песната „Happy“од Фарел Вилијамс. Неколку секунди подоцна, направила сообраќајка и загинала.selfi3

 

4. Џадиел – овој познат реге уметник ја поставил фотографијата на Инстаграм, по што се случила катастрофална несреќа во која загинал.selfi4

 

5. Селфи на летот МХ17 – Гери Слоук се фотографирал со неговата мајка само неколку минути пред да се сруши авионот на „Малезија ерланјс“ и беше срушен над Украина.selfi5

 

6. Оскар Агилар – во јули годинава, тој се обидел да си направи селфи фотографија со пиштол, но случајно си пукал во глава.selfi6

 

7. Карен Ернандез – 13-годишното девојче сакало да се фотографира на брег на река, но се лизнала и паднала, по што се удавила.selfi7

 

8. Селфи на воз – во март годинава млад Шпанец загинал откако се обидувал да направи селфи на возот во движење.selfi8

 

9. Девојките од Иран – тие се фотографирани додека пееле караоке во својот автомобил. Кога ги прегледувале фотографиите, не внимавале на патот. За разлика од останатите на оваа листа, тие преживеале, но што е уште побизарно, си правеле селфи и на патот до болницата.selfi9

 

10. Селфи на карпа – брачна двојка од Полска била на одмор во Португалија и се фотографирале на карпа, по што изгубиле рамнотежа и паднале.selfi10

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1