Ова се 9-те неверојатни случајности кои ја промениле светска историја!


Историјата е преполна со приказни за настани и личности кои го промениле светот. Но, постојат детали за кои знаеме малку, а значајно влијаеле на најважните настани за човештвото.Tan2013-11-7_22654592_2-670x553-564x272

Српскиот портал Телеграф објавува некои од нив:

1. Работното место на Ли Харви Освалд

Tan2013-11-7_2270378_5-564x377

Месец дена пред убиството на американскиот претседател Кенеди, неговиот атентатор Ли Харви Освалд добил работа во училишна библиотека во Тексас. Освалд подоцна го искористи своето работно место како покритие за извршувањето на еден од најголемите претседателски атентати во историјата. Тоа веројатно влијаело на текот на настаните.

2. Едвин Бут го спаси Линколн

Tan2013-11-17_164849916_3-564x376

Пред смртта на Абрахам Линколн, неговиот син Роберт бил на патување и поминувал покрај Њу Џерси. Додека чекал воз, паднал на шините во моментот кога возот се приближувал. За среќа, младиот Линколн се извлекол на време, пред да му се случи нешто страшно. Неговиот спасител бил Едвин Бут, актер и брат на Џон Вилкс Бут, кој подоцна во атентат го уби Абрахам Линколн. Ова се смета за една од најчудните случајности во историјата.

3. Почетокот на Првата светска војна е предизвикан од погрешно свртување

Gavrilo-Princip-564x528

Гаврило Принцип, член на тајната организација „Млада Босна“, кој го изврши атентатот врз австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата жена Софија, за малку немаше да добие шанса да го изведе својот план. На денот на атентатот, Принцип влегол во блиската кафана за нешто да јаде, без посебна намера токму тогаш да пука. Кога излегувал, го видел автомобилот на престолонаследникот пред него. Всушност, возачот залутал и погрешно свртел. Да не биле на погрешен пат, можеби никогаш немало да дојде до Првата светска војна.

4. Автомобилот на Џејмс Дин

Dzejms-Din-564x446

Американската актерска легенда Џејмс Дин загина во 1955 година во страотна сообраќајна несреќа. Тој возел спортски автомобил од Порше, кој предизвикал уште неколку несреќи во следните години.

Имено, после несреќата, автомобилот бил одвезен во гаража, каде што се откачил моторот и паднал на нозете на еден од механичарите.

Следната чудна ситуација му се случила на еден лекар кој го купил моторот од автомобилот. Тој го ставил во својот спортски автомобил, се натпреварувал и во таа трка го загубил животот. Некои луѓе дури мислеле дека е дбра идеја одново да се состави автомобилот на Дин, се до моментот кога работилницата која започнала да го составува не се заплила и изгорела до темел.

Откако сепак бил составен, автомобилот бил изложен во салон во Сакраменто, каде што дел од конструкцијата паднал и му скршил колк на едно момче. Во 1959 година автомобилот мистериозно се распаднал на 11 дела и тоа бил неговиот дефинитивен крај.

5. Халеевата комета и Марк Твен

Mark-Tven-564x375

Писателот Марк Твен се родил во 1835 година кога се појавила Халеевата комета, а умрел во 1910 година на денот кога одново се појавила. „Дојдов со Халеевата комета во 1835 година, очекувам и да си одам следната година со неа, кога повторно ќе се појави“, навести Твен во 1909 година.

6. Титан против Титаник

titanik-564x375

Морган Робертсон ја напишал книгата „залудност“ неколку години пред Титаник да заврши на дното на Атлантскиот Океан. Во неа опишал брод сличен на Титаник, кој го нарекол Титан. Титан наводно не можел да потоне, но сепак приказната завршува со удирање на бродот во санта мраз и смрт на голем број патници. Несреќата на Титаник се случила во истиот месец, како и несреќата во книгата. Каква морничава случајност!

7. 21-от ден во месецот

Lui-XVI-564x375

Кога кралот Луј 16-ти, кој владеел за време на Француската револуција, бил мало момче, добил предупредување од астролозите секогаш да внимава на секој 21-ви ден во месецот. Предвидувањето го исплашило и кралот никогаш не закажувал активности на тој ден. Сепак, Француската револуција го принудила да се откаже од таа своја навика. На 21 јуни 1791 година тој е уапсен при обид да побегне од земјата со својата сопруга. На 21 септември истата година Франција го укина кралството, а на 21 јануари 1793 година Луј 16-ти бил погубен на гилотина.

8. Ендру Џексон и расипаните пиштоли

Endru-Dzekson-564x375

Ричард Лоренс во 1835 година се обидел да го убие американскиот претседател Ендру Џексон. Тој кај себе имал два пиштоли. Првиот се обидел да го употреби, но тој закочил. По борба со Џексон, се обидел со вториот пиштол, но и тој бил расипан. Подоцна полицијата го тестирала оружјето и двата пиштоли биле исправни и функционирале.

Tamerlan-564x375

Тамерлан бил воен заповедник во Азија во 14-от век. Останал запаметен по своите воени стратегии заради кои загинале 17 милиони луѓе. Сталин во 1941 година наредил на тим археолози да ја откопаат гробницата на Тамерлан во денешен Узбекистан. Кога го отвориле ковчегот, пронашле натпис: „Кој ќе ја отвори мојата гробница, ќе има поголеми непријатели од мене“. Неколку часа по отворањето на гробницата се случил напад на Германците врз Русите. Сталин во 1942 година наредил останките на Тамерлан да се вратат таму каде што биле, со ритуален погреб. Набрзо после тоа, германската војска се предала кај Сталинград, што било пресвртна точка во Втората светска војна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1