Од неделата до вчера имало 100 потреси во Скопје


Околу 100 земјотреси се случиле во Скопје и околината од првиот потрес во неделата наутро до 12 часот вчера. Сите биле со различна јачина. Во овој период последниот земјотрес од ова жариште бил регистриран вчера наутро во 8:11 часот со магнитуда од 1,5 степени и бил многу слаб, па граѓаните не го почувствувале.zemjotres

Последниот посилен потрес во овој интервал беше тој во понеделникот навечер, во 19:53 минути и бил со јачина од 4 Рихтерови степени. Од тој земјотрес до вчера до 12 часот имало 8 слаби афтершокови кои граѓаните не ги осетиле.

Земјотрес беше почувствуван и ноќеска во Скопје и околината.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, ноќеска во 01 часот и 32 минути регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје со Рихтерова локална магнитуда од 3.2.

Светската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ), која го бележи секој случен земјотрес во реално време, во понеделникот регистрираше серија потреси во Турција кои продолжија и во текот на вчерашниот ден, а земјотреси вчера ја зафатија и Грција, како и Бугарија и источномедитеранскиот регион.

Најсилниот потрес во Турција имаше јачина од 4,8 степени, во Јужна Грција беа измерени 4,2, потоа и 2,7, во Бугарија 2,5, додека во Медитеранот имаше земјотрес од 3,1 Рихтерови степени.

Сеизмолозите велат дека не може да се најде непосредна врска меѓу сите овие земјотреси и тие кај нас, особено што прво се случи земјотресот во Скопје, а потоа следуваа останатите, што значи дека се работи за редовна сеизмичка активност.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1