Цените не бензините се зголемуваат за еден денар, на дизелот остануваат непроменети.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава за 81,50 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 80 денари за литар.
Цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат остануваат на сегашните 67 50 денари за литар односно 56,50 денари за литар. Цената на мазутот се намалува на 41,049 денари за килограм.