Во екот на терористички напади се запознавме со изразот „Алах акбар“. Тој израз џихадистите најчесто го изговараат пред да ги активираат бомбите со кој се разнесуваат себе си и додека пукаат на нивите мети.
Текбир е поим кој во арапскиот јазик и исламскиот свет се користи за фразата „Алах акбар“, која обично во превод значи „Господ е голем“, „Алах е голем“ или „Алах е најголем“.
Буквален превод на арапски би можел да биде Бог/Алах е голем“ и тоа е вистинското значење на таа фраза, поради што така сфатена, се користи за да им се всади во лушети сите појави и концепти кои нас ни се чинат големи, а тоа не се, и тоа потсетува дека „Бог е голем“.
Така муслиманскиот повик на молитва доаѓа до посебно изразување, поради тоа што на верниците им се насочува вниманието дека важна е молитвата на Бог од световните активности кои во моментов се зафатени. Така, Богот е поголем од непијателите или стравот.
Во прашање е изрека која целосно е нормална и вообичаена меѓу муслиманите и која се употребува во разни контектси.
Тоа што и придаваме негативно значење затоа што ја извикуваат луѓе кои одат околу и убиваат недолжни деца не значи дека таа сама по себе е негативна.
Нема да верувате, но не постои ништо негативно и лошо во тоа што некој ќе каже Бог е голем, на кој било јазик.
Што повеќе православни христијани на Блискиот исток, во Сирија, Либан, Палестина, Јордан, Ирак и Египет, на кои на сите арапскиот јазик им е мајчин, користат идентична фраза како и нивните муслимански соседи.
Можеби би ви било чудно да слушнете православен свештеник да вели „Алах акбар“, но на нив би им било чудно вашето чудење, па би ве запрашале: „Дали тоа вие мислите дека Бог не е голем?“.
Да се вратиме на муслиманите и нивната употреба на текбира. Прво, се користи во секоја фаза на двете обврзувачки молитви кои се повторуваат пет пати дневно, како и при секоја необврзувачка молитва кои верникот ја извршува по сопствена воља и желба.
Муслиманите велат „Алах акбар“ така и во време на некоја невоља или голема опасност, како што беше случај во 1998 година како што направи индонежански пилот секунда пред да неговото летало се сруши на земја. Кога се исчекува некое враќање од опасен пат, муслиманот ќе рече „Алах акбар“ (а можеби и „фала Алах“).
Кога се радуваат, кога слават раѓање на дете, кога некој ќе умре, за време на погреб, за време на Курбан бајрам и хаџа мислиманите велат „Алах акбар“. Натписот на таа фраза се наоѓа или се наоѓал на знамињата на многу муслимански држави: Било да е тоа знаме на Садамовиот, Ирак, а и понатаму е на знамињата на Иран и Авганистан.
Така да се зависи од контексот. А сега доаѓаме до проблематичниот контекст.
„Алах Акбар“ низ целата историја на исламот непрекинато се користи како воен крик, а за прв пат од страна на Мухамед за време на битката во Бедру.
Во новата доба, за време на Иранската револуција во 1979 година, беше тоа восклик на чии крила се изведе исламистичкиот пресврт.
Од кога почна успонот на џихадистичкиот покрет, од осумдесетите години па навака, ова крик стана извор на страв и трепет ширум светот.
Џихадистите го извикуваат кога пукаат во недолжни цивили, кога на луѓето им ги сечат главите, пред да се разнесат во автобус или воз, пред да авионите ги закуцаат во метите, пред да се дигнат себе си во воздух на место каде има метеж, црква, или шиитска џамија.
„Но, дали таа брутална употреба на оваа изрека ја менува нејзината суштина?
Не. Нема ништо лошо во тоа што некои мислат дека Бог е голем, или дека е поголем од се останато. Тоа морате да го признаете, било да сте атеист, или теист, или христијанин, или муслиман, или припадник на која било религија.