ОД ПРИВЕДЕНИТЕ СУДИИ ДВАЈЦА СЕ ПОВИКАЛЕ НА ИМУНИТЕТ


Од приведените деветмина судии од одделот за прекшоци во основниот суд еден само двајца се повикале на имунитет. Еден од нив го искористил ова право пред обвинителот, а вториот преку својот адвокат пред судијата за претходна постапка. Од обвинителството појаснија дека судијата кој се повикал на имунитет не бил распрашан и не му била земена изјава, но тоа не ја запира понатамошната постапка, јавува Телма.

-Повикувањето на судски имунитет би имало влијание во постапката само доколку јавното обвинителство поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничено лице, кое е вршител на судиска функција.zamateni500

Согласно законот за судови,  судија не може да биде притворен без одобрување на судскиот совет на Република Македонија, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Досега во текот на постапката адвокат на еден од судиите се повикал на судскиот имунитет со образложение дека судија не може да биде повикан на кривична одговорност за искажано мислење и одлучување при донесување судска одлука.

Сличен став има и здружението на судии кои на денешната седница поставија дилема и повикаа во текот на постапката точно да се утврди дали судиите треба да одговараат кривично или според законот за судови.

“Здружението на судиите на Република Македонија истакнува дека одговорноста на судиите од Одделот за прекршоци од Основниот суд Скопје 1 Скопје не може да се гледа и процесуира надвор од оценката за објективните услови во кои тие работеле и постоечкиот начин на организацијата на работата во судот. Здружението на судиите на Република Македонија напоменува дека ниеден од приведените судии кои со одлука на Судскиот совет сега се веќе и привремено одалечени од вршењето на судиската функција, се нема обратено до Здружението во врска со настанот, а посебно не за начинот на кои се приведени”, изјави Николчо Николовски, претседател на здружението на судии.

Судиите се суспендирани а од нивното здржение велат дела ниту еден од нив се нема обратено до здружението посебно за начинот на кој биле приведени со кој им бил нарушен дигнитетот како судии.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1