Од јануари повторно се зголемува минималецот. Премиерот Груевски вчера информираше дека ќе се исполни ветувањето дадено пред граѓаните. Газдите во сите индустрии освен од текстилната и кожарската , од следната година не смеат да исплатат пониска плата од 10 080 денари.
Законот за минимална плата почна да се применува пред 3 години кога висината на минималецот беше утврдена на 8050 денари.Оттогаш државата етапно го зголемува износот. Покачувањето започна од март лани кога минималецот се зголеми на 8800 денари месечно. Годинава имаше зголемување на 9590.
Кај текстилните работници и кожарците поради специфичноста на дејноста минималната плата е пониска а усогласувањето ќе трае подолго.
Казните за оние работодавачи кои не ги почитуваат измените се движат од 8 до 9 000 евра за фирмата и од 4 до 5 000 за одговорното лице во неа.