Кога ќе бидат ставени во функција овие возови и какво ќе биде нивното значење за граѓаните?
-Станува збор за набавка на 4 дизел гарнитури и 2 електро – моторни гарнитури произведени во Кина во вредност од 25 милиони евра. Новите возови ќе бидат според сите европски стандарди, со најсовремена опрема и со капацитет од 200 седишта, со што Република Македонија ќе може да се вброи во земјите со најдобра железничка инфраструктура не само во регионот туку и пошироко, рече Мисајловски.
Покрај обновувањето на возниот парк, Мисајловски потенцираше дека министерството ги рехабилитира и коридорите односно железничките станици на Коридорот 10, со што Велес ќе добие и нова железничка постројка.
На крај, министерот Мисајловски посочи дека пристигнувањето и ставањето во функција на првиот воз се очекува да биде во септември оваа година.