Од септември ќе биде ставен во функција првиот ултрамодерен воз


Кога ќе бидат ставени во функција овие возови и какво ќе биде нивното значење за граѓаните?

-Станува збор за набавка на 4 дизел гарнитури и 2 електро – моторни гарнитури произведени во Кина во вредност од 25 милиони евра. Новите возови ќе бидат според сите европски стандарди, со најсовремена опрема и со  капацитет од 200 седишта, со што Република Македонија ќе може да се вброи во земјите со најдобра железничка инфраструктура не само во регионот туку и пошироко, рече Мисајловски.voz-9_thumb_medium500_281

Покрај обновувањето на возниот парк, Мисајловски потенцираше дека министерството ги рехабилитира и коридорите односно железничките станици на Коридорот 10, со што Велес ќе добие и нова железничка постројка.

На крај, министерот Мисајловски посочи дека пристигнувањето и ставањето во функција на првиот воз се очекува да биде во септември оваа година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1