Од што умрела Дениса – во грчкиот извештај пишува дека причината за смртта е непозната!


Смртта на девојката, за која грчките власти тврдат дека е Дениса Маркоска во извештајот е заведена како „Морс игнота“.

Посмртницата воедно е и единствениот документ што во Македонија е испратен од Грција заедно со телото, пишува Канал 5.denisa brod1

Во медицинскиот речник Морс игнота значи непозната природна смрт.

Во објаснувањето е наведено и дека причина за смртта не е позната и дека во моментот на смртта немало други присутни.

Родителите на Дениса Маркоска вчера попладне дале примероци за ДНК и сега се вршат испитувања за утврдување на идентитетот на жртвата.

Во Институтот за судска медицина во Скопје веќе е започната реобдукција на телото, а во тек се ДНК анализите.

Резултатите од реобдукцијата ќе бидат доставени до Министерството за здравство како нарачател на постапката и на семејството Маркоски.

Лекарите од судска медицина не сакаат да прогнозираат колку време ќе биде потребно да завршат сите испитувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1