Снежана се борела за живот покрај мртвите родители


Поранешната сопруга на осомничениот за тројното убиство во Кавадарци, Данче, својата сестра Снежана ја затекнала застрелана како се бори за живот, покрај убиените родители, јавува Канал 5.

Kavadarci_201411918425_thumb_medium500_334

Данче веднаш повикала Брза помош и убиството го пријавила во полиција.

-Попладне околу 16 часот беше донесена млада жена, даваше знаци на живот и имаше со прострелна рана во пределот на левата страна на градниот кош. Веднаш беа започнати постапки за реанимација, но и покрај сè жената почна. Прострелната рана беше на левата страна во пределот на срцето, веројатно се погодени големи крвни садови, може и срцевиот мускул, белодробието е сигурно разнесено, изјави за Канал 5 д-р Драги Јованов, дежурен лекар во болницата во Кавадарци.

Полицијата се’ уште трага по Тони С. (40) кој се сомничи дека со својот пиштол, кој го поседувал со дозвола, со по еден куршум ги убил родителите и сестрата на својата поранешна сопруга, по што веднаш избегал.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1