Од свадбата Александра и Филип заработиле богатство


Пеачката Александра Пријовиќ и синот на познатиот тенисер Бобо и посинок на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ се венчаа на 21. јуни, ама за свадбата сѐ уште се зборува. На свадбата на која присуствувале голем број познати личности, како што дознаваат српските медиуми, младенците заработиле скоро 1. милион евра.

Боба Живојиновиќ, таткото на младоженецит, свадбата го чинела околу 400.000 евра.

Младенците од гостите добивале коверти, и како што дознаваат српските медиуми, тие не штеделе.

„Александра и Филип добиваа коверти а во нив се наоѓаа помеѓу 500. и 1.000. евра. Можам да кажам дека имаше пејачи кои дале и 2.000 евра. На свадбата имаше 900. званици така што младенците доста заработиле на венчавката. Александра и Филип не размислувале за заработувачка, но на сите им е јасно дека се во голем плус“, вели една пеачка која сакаше да остане анонимна.

Покрај пари, младенците добиле и многу убави подароци од познати светски брендови, како Прада, Версаче и сл.

Филип од пријателите како подарок добил „фичо“ кабриолет.

Но, секако највредниот подарок е од Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ, недвижност во вредност од 200.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1