Хровје Вуков од Шибеник на 14 годишна возраст одлучил да стане свештеник, а кога по службен пат бил префрлен во Сплит, светот почнал да му се руши. По патувањето во Израел почнал да си ја преиспитува својата сексуална орентација и сфатил дека живеел во лага.
– Тешко ми беше да признаам дека сум хомосексуалец и уште потешко да се одвојам од црквата, вели Хровје
Вуков вели дека откако неговите родители дознале за неговата сексуална орентација повеќе не контактираат
– родителите престанаа да разговараат со мене и за жал тоа не се промени до денеска. Најверојатно премногу шокови им приредив, би им било полесно да имаат син наркоман него хомосекуалец, открива поранешниот свештеник.