Викенд временска прогноза – невреме, па пад на температурите


Нов влажен бран од запад ќе ја зафати Македонија во попладневните часови, кој ќе услови облачно време со врнежи од дожд. На планините се очекуваат интензивни врнежи од снег, а локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог.

Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови.temperatura vreme

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови ќе има локални врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет.

Значително постудено со засилен северен ветер и пад на темепратурите не очекува од понеделник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1