Од утре во трговските објекти алкохол повторно ќе се продава од шест до 19 часот, наместо до 21 часот.
За оние кои нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра.
Инаку, продолженото време на продажба до 21 часот важи од мај до крајот на месец септември.