Смртта на бунтовникот без причина Џејмс Дин – „Внимавајте на патот можеби ќе го спасите мојот живот“ (Видео)


30.09.1955 – Во автомобилска несреќа на 24-годишна возраст загина американскиот глумец Џејмс Дин, симбол на вознемирената и побунета младост по Втората светска војна.

177156_dzejms-din_fТој е културна икона, која е најдобро отелотворена во насловот на неговиот најпознатиот филм, Бунтовник без причина (1955),  Источно од рајот (1955), Џин (1956). Дин беше првиот добитник на постхумен Оскар во номинација за најдобар актер со што и понатаму останува единствен актер кој имал две постхумни номинации за глума. Во 1999 година, Американскиот Филмски Институт го рангира Дин на 18-тото место за најдобра машка филмска ѕвезда на нивните јубиларни АФИ -100 години … 100 листа на ѕвезди.

На 30 септември 1955 година, Дин заедно со неговиот механичар Ролф Вутерик тргнале од „Натпреварувачки мотори “, каде што го подготвувале тркачкото Порше 550 Spyder тоа утро, за спортската автомобилска трка во Салинас, Калифорнија. Дин планирал поршето да го испроба возејќи го до местото на натпреварувањето Салинас, а приколката да е закачена зад неговиот Нов Ford Country Squire караван, управуван од Хикман и фотографот Санфорд Рот, кој беше со план да направи фото приказна за Дин на трките.

060930_james-dean_porsche3Во последен момент, Дин одлучува да го вози Spyder-от, откако воочил дека е потребно повеќе време за да може да се запознае со автомобилот. Во 15:30, Дин беше казнет во Метлер станицата, во Керн Каунти, за возење 65 милји на час (105 километри на час), во зона каде што е дозволено ограничување до 55 милји на час (89 километри на час). Подоцна возејќи тој се одлепил од Фордот оставајќи го далеку зад себе, а овие пак застанале во едно мало место со име „Напуштена планина“, за да наполнат гориво, и се сретнале со колегата тркач Ленс Ревентлоу.

По напуштањето на месноста „Напуштена планина“, Дин возел кон запад на патот 466, подоцна Државен пат 46, источно од Cholame, San Luis Obispo County, кога црно-бел автомобил Форд Тјудор купе од 1950-та година, управуван во спротивна насока од страна на 23 годишниот Кал Поли кој бил студент, се префрлил на државниот пат број 41 преминувајќи во лентата на Дин.


Така, двата автомобили се судриле директно еден со друг. Според една приказна објавена на 1 Октомври, 2005, во издание на “Лос Анџелес тајмс“, Калифорнискиот патролен полицаец Рон Нелсон и неговиот партнер биле на кафе пред завршувањето на смената во Пасо Роблес, кога биле повикани на местото на несреќата, каде што се видело несвесното тело на Дин и силното негово дишење додека веќе се наоѓал во амбулантното возило на Прва помош.

dean1310Болничарите укажувале прва помош на Вутерик кој бил исфрлен од автомобилот и лежел на работ од патот до оштетеното Порше – Спајдер, во едвај свесна состојба, но преживеа со скршена вилица и други повреди.

Џејмс Дин бил однесен во Пасо Роблес болницата, каде што бил прогласен за мртов веднаш по пристигнувањето, во 17:59 часот, од страна на лекарите кои биле присутни во собата за итни случаи. Неговите последни зборови, изговорени токму пред судирот, биле кога Вутерик му рекол на Дин да успори кога го виделе автомобилот Форд купе пред нив како вози во нивната лента, и се вели дека биле:

“Тоа момче мора да се тргне кога … ќе не види нас. “

Според обдукцијата, се верува дека главата на Дин удрила во предниот дел од другиот автомобил. Овој удар на телото, како и придружните повреди при несреќата резултирале со скршен врат, плус неколку скршеници на вилицата, рацете и нозете, како и масивни внатрешни повреди. Со обдукцискиот извештај, се верува дека загинал околу 10 минути по несреќата при испитувања во амбулантната кола.

james-dean_100396058_mСо години, имало гласини од страна на фотограф, нивен пријател, кој сообраќал кон метсото на трката со друг автомобил, дека имал фотографии од Дин, заробен во автомобилот како биле мртви или умирале. Ваквите фотографии никогаш не се појавија во јавноста. Спротивно на извештаите за пребрзото возење на Дин, кои опстојуваат и со децении по неговата смрт, Нелсон ќе рече: “повредите и позицијата на телото на Дин посочуваат дека неговата брзина била 55 милји на час или 88 километри на час.

” Совозачот на другиот автомобил, се здобил со мали гребнатинки на носот и на челото и не беше на распит во полиција за да биде испрашан како се случила несреќата.

Тој беше интервјуиран од страна на весникот Тулар Адвас, веднаш по несреќата,каде што вели дека тој не го видел автомобилот на Дин како се приближува, но после тоа, одбива некогаш воопшто, повторно да зборува јавно за податоци во врска со несреќата.

porsche_550_3

Тој продолжил да го поседува и да работи во електро бизнисот, а починал од рак на белите дробови во 1995 година.

Вутерик загинал во сообраќајна несреќа во Германија во 1981 година откако преживеа неколку обиди за самоубиство. Додека траело завршувањето на снимањето на филмот Џин, и околу промовирањето на Бунтовник без причина, Дин снимил краток разговор со актерот Гиг Јанг за една епизода на Ворнер Брос, во која Дин, наместо да ја каже популарната фраза “Животот кој ќе го спасиш, може да биде твојот”, тој вели “Животот кој можеби ќе го спасиш, може да биде мојот.

” Ненадејна смрт на Дин го поттикна студиото за да направи римејк на една секција, на едно парче кое никогаш не се емитуваше, иако во последните неколку изданија на снимката, погрешно беа најавувани низ јавноста. (Сегментот може, сепак да се види како на ВХС од 2001 година и на ДВД изданијата од 2005 година на Бунтовник без причина).

James Dean Park Cemetery Fairmont

Споменик на Џејмс Дин во Cholame, Калифорнија. Дин почина на околу 900 метри источно од ова дрво.

Џејмс Дин е погребан на гробиштата во Фаирмоунт Парк, Индијана. Во 1977 година, во спомен на Дин бил изграден споменик во Cholame, Калифорнија.

Стилизирана, скулптурата е составена од бетон и челик околу едно дрво кое расте кон небото во предниот дел на поштенската канцеларија во Cholame.

Скулптурата е направена во Јапонија и се транспортирала до Cholame, придружуван од добротворот на проектот, Сеита Ониши.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1