Од утре во периодот од девет до 16 часот воведува телефонска психолошка поддршка за граѓаните и ранливите групи на пациенти на кои им е потребна таква помош.
ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје, по новонастанатата ситуација со Ковид-19, од утре во периодот од девет до 16 часот воведува телефонска психолошка поддршка за граѓаните и ранливите групи на пациенти на кои им е потребна таква помош.
Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст ќе биде достапна на телефонскиот број 072 912 676, на возрасни лица во самоизолација на телефонот 072919009, а на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар на бројот 070 241 807.
Од Универзитетската клиника за психијатрија истакнуваат дека пациентите закажани во Мој Термин за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).
Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради Ковид-19 ќе се обезбеди во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.
Во државава се регистрирани 18 позитивни случаи на коронавирус, а во тек е тестирање на седум лица. За состојбата со коронавирусот попладне ќе расправа Советот за национална безбедност. Веќе е прогласена кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.