Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои е и младоженецот кога бродот во кој се возеле младенците и нивните гости се преврти во централниот дел на Пакистан. Според спасувачките служби, бројот на загинати се очекува да расте.
Бродот се превртел заради лошото време во централната пакистанска провинција Пенџаб, пренесува АФП.
Еден од функционерите во пакистанската влада, Шаукат Али изјавил дека 11 лица загинале, додека 22 се спасени. Спасувачите трагаат по останатите кои се водат како исчезнати.
Засега нема официјален податок колку патници биле на бродот.