Оџа од Скопје убиен во борбите во Сирија


lajme-almakos187627323

Во борбите меѓу бунтовниците и силите на претседателот Башар ал-Асад, како што јавува порталот Алмакос, бил убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху. Алмакос дознава дека тој бил убиен од курдската заедница во Сирија.

Абдулаху бил оџа и во Бремен, Германија, учествувал во конфликтот во 2001 година во Матејче, како и во војната во Косово и во Босна и Херцеговина.

Тој е вториот Албанец од Македонија, кој е убиен во Сирија. Во  мај годинава во Сирија загина дваесет и осумгодишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Осум месеци пред да биде убиен заминал за Сирија и се борел на страната на опозициското движење „Јабха ел-нусрах“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1