Пајажина, монструм, детонатор – Кој е кумот на полициските акции?


Милка, филтер, решето, коридор , агент,  диригент… За некого  ова  се само  професии, имиња на животни, предмети, но за полицијата се успешно спроведени акции.

Името е шифра со која инспекторите ги   поврзуваат на едно место доказите, сомнителните лица кои се следени и кривичното дело. Тоа е синоним на одредена оперативна обработка, но не открива целосно,  што имаат ставено на пик инспекторите, пишува Сител.

policija akcija 22Секоја голема полициска акција добива соодветно име, но кој е кумот на полициските акции? Има ли во МВР  посебно работно место за  именување на акциите.?

– Нема конкретно лице кое би било кум на акциите кои ги реализира полицијата. Нема такво работно место за именување на акциите и најчесто имињата се даваат во текот на постапката..Постапувањето во секоја оперативна обработка е различно. Прво се собираат оперативни сознанија, докази за кривично дело. Откако ќе се почне со обработка инволвираните инспектори го даваат името…

Од месец дена до неколку години, може да траат оперативните обработки на тајните служби.  Се ангажираат голем број лица, но и се следат многу осомничени. Една од најтешките оперативни обработки за полицијата е МОНСТРУМ- за петкратното убиство кај Смилковци.  За еден месец биле ангажирани околу 500 инспектори кои работеле по 24 часа.

– Обработка која бараше голем ангажман на инспекторите на повеќе оперативни обратотки е Монструм. Се работеше за исклучително брутално убиство, имаме вознемирена јавност, политички притисок, но и потенцијални ризици во општата безбедност. Исто така и Пајажина, од една страна имаме медиумски притисоци, јавноста беше заинтересирана,. Потоа Детонатор…

Од јануари до сега, полицијата спроведе 17 големи полициски акции.  Има и такви кои се продолженија на акции од пред неколку години.  Апсени се и македонци, но и странски државјани, обични граѓани но и функционери . Некои  бидејќи ја злоупотребувале службената положба, други правеле криминал со платежни картички, градежно земјиште, биле трговци на мигранти, оружје,  дрога, нафта. Но има и такви кои нелегално  заработиле илјадници евра со шверцување на животни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1