Оџата од Велес бегал со љубовница за Германија?


Оџата Несим Демири од Велес, кој беше уапсен во обид да превезува сириски мигранти преку Македонија во Србија, не е првпат да ја скандализира велешката јавност.

Имено, пред две години муслиманските верници во Велес го обвинија дека побегнал во Германија и притоа со себе однел 6–7 илјади евра пари од донации.

osnoven-sud-1-veles-41

Неофицијалните информации тогаш говореа дека оџата од Фазли Ахмет Паша џамијата, или во Велес позната како „Црна Џамија“ во Германија заминал со својата љубовница, додека ја оставил сопругата преку која во овој град го промовирал носењето на бурка.

По заминувањето, Демири побарал и судски развод од сопругата, а таа ја симнала бурката.

37-годишниот оџа Демири завршил религиозно образование во Саудиска Арабија, а во Велес се поврзувал и со обидите да се шири радикален исламизам. Иако во Велес нема многу муслимански верници или приходи во единствената џамија, тој за краток период успеал да смени четири скапи автомобили, пишуваат велешките медиуми.

Од Германија се вратил пред извесно време, а само пред 10-тина дена повторно бил назначен за оџа. Полицијата сега го уапси во обид да прошверцува четворица мигранти од Сирија преку македонска територија, а судот му одреди мерка притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1