Тато, зошто плачеш? Последните зборови од девојче кое почина поради грешка на докторите


Петгодишното девојче било отпуштено од болница со дијагноза на вирус и обичен осип, но два дена подоцна доживеала срцев удар и починала.

Храброто петгодишно девојче по име Вард Алшамери, го напуштило овој свет прерано, поради кобна грешка на лекарите.

Кога родителите ја одвеле во болница, докторите ја отпуштиле со дијагноза на обичен вирус. Два дена подоцна, состојбата рапидно се влошила. Се испоставило дека не е во прашање само обичен грип – Вард патела од бронхијална пневмонија, тешко запаление на белите дробови предизвикано од силна инфекција на белите дробови и градниот кош.

bolnica

Лекарите ѝ дале лек за да ја смират бактериската инфекција, но девојчето до тогаш доживеало срцев удар. Родителите знаеле дека веќе е доцна, лекарите не биле оптимистични, а девојчето едноставно не знаело што се случува.

Крај неа седел нејзиниот расплакан татко, кој веќе не можел да ги контролира емоциите и стравот поради она што следува. ’Тато, зошто плачеш?’ – прашала малечката Вард и го бакнала татко си за да го утеши, не претпоставувајќи дека тоа ќе биде последниот доказ за нејзината љубов. Починала само неколку часа подоцна.

Иако болницата се бранела дека е виновно изгубеното време во брзата помош и дека родителите требале веднаш да ја доведат на одделението за педијатрија, истрагата докажала дека дошло до големи пропусти во негата на детето.

„Лекарот рече дека тоа е обичен осип, дека не е заразно и дека слободно смее да оди на училиште“, рекол несреќниот татко Бадр Алшамери и се присетил на плановите за иднината на неговата миченичка.

„Таа сакаше да стане лекар кога ќе порасне, дури тоа им го кажа на докторите. Сакаше да оди на училиште, ги сакаше наставниците, другарчињата, учењето. Нè сакаше сите. Имаше само пет години, но исто колку што ние се грижевме за неа, таа се грижеше за нас“, кажал Бадр.

Тој истакнал дека е свесен дека ништо не може да го врати неговото девочје, но дека сака истрагата да се спроведе до крај, за нејзината смрт да добие било каков смисол – барем да спречи слични случаи и животи на други мали деца.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1