Оџи од Гостивар врбуваат борци за Сирија


„Тие се закана за сите нас, и за Македонци и за Албанци, бидејќи нивната цел е оштетување на исламот како религија“, рекоа собраните верници.

almakos ubien sirija

Дваесет и осумгодишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој во неделата загина во борбите во Дамаск, најверојатно ќе биде погребан во Сирија. Неговите соселани велат дека таков аманет оставил – ако загинам, таму да бидам погребан. Семејството веќе две децении му живее во Австрија. Во Виена му се родителите, братот, сопругата и тригодишниот син.

„Исламскиот фундаментализам во Гостивар се ‘пресели‘ од Босна и Херцеговина некаде по крајот на војната во таа земја. Го донесоа дел од гостиварците што живееа таму. Таму беа ‘задоени‘ со радикализмот и од тогаш се обидуваат да го пренесат врз што е можно поголем број граѓани“, велат соговорници на Утрински весник.

Финансирани главно од Саудиска Арабија, се’ полесно успеваат да продрат пред се’ до социјално загрозените слоеви. Им се помага финансиски и тоа е доволно да се допре до верниците. Потоа и зацврстувањето на идеалите оди полесно.

„Но, не се само сиромашните. Во гостиварско има две богати фамилии што се приврзаници на исламскиот радикализам“, тврдат гостиварци.

Информациите велат дека над дваесетина оџи од Гостивар и од околината, изминатите години се школувале на факултетите во Саудиска Арабија и во Каиро. Тие сега го пренесуваат своето знаење на верниците. Но, огромно мнозинство од Албанците, како и од Турците, е верно на Исламската верска заедница.

ubien sirija

Поради тоа, вахабистите како свое собиралиште користат една новоизградена џамија во гостиварско село. Освен тоа, како што се зборува, активни се уште во неколку куќи во центарот на градот и таму ги извршуваат верските обичаи.

„Располагаат со многу пари. Секое семејство, а речиси никогаш кај нив не оди само поединец, добива од 300 до 500 евра месечно. Солидарни се меѓу себе. На пример, се случува да отворат бутик за облека, што да речеме ја добиваат од Турција. Доколку не успеат да ги продадат сите парчиња, тогаш излегуваат на тезга на улица и продаваат по половни цени. Парите одат во нивните групи, а потоа и во хуманитарни цели. Најчесто работат преку невладини организации, па полицијата не може да им влезе во трага“, објаснуваат соговорниците.

Нивните приврзаници се верски фанатици. Лесно забележливи по долгите бради и воочливата облека, не се популарни меѓу обичните муслимани. Тоа јасно ни беше посочено и од верниците во џамијата во Беловишта.

„Тие се закана за сите нас, и за Македонци и за Албанци, бидејќи нивната цел е оштетување на исламот како религија“, рекоа собраните верници.

„Камповите за обука во регионот се во Албанија и во Санџак. Таму ги добиваат потребните вештини за преживување. Регрутирањето се врши во Косово, има и голем дел што се пријавуваат во Австрија. Затоа е тешко да се каже колку од нив продолжуваат на кризните жаришта“, раскажуваат во градот.

Целата репортажа прочитајте ја на – Утрински Весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1