Одите на одмор – Внимавајте еве каде за што ,,дерат,, за казни


Казните можат да ви го загорчат одморот, бидејќи во зависност од видот на прекршокот и земјата, паричникот може да ви биде олеснет и за 600 и повеќе евра!

Во пресрет на летните одмори ВЕЧЕР во соработка со Министерството за внатрешни работи и АМСМ ги презентира информациите кои, секако, ќе го олеснат вашето патување и престојот во некоја од соседните држави.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО СРБИЈА

zastava-makedonija-srbijazastava-makedonija-srbija_500x200
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места: за сите возила 50 км на час
Автопат: 120 км на час
Останати патишта: 80-100 км на час
На сите патишта: 80 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Употреба на мобилен телефон: забрането, хандс фрее дозволено, казна 50 евра

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција – 192, Амбуланта – 194, Пожарна – 193, АМСС (помош-информации) 00 381 11 1987 / 00 381 11 333 1200 (во Србија само 1987)

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволеното количество алкохол во крвта е 0,03%, 0% за професионални возачи, но доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Србија од 26.2.2012 со спогодба се овозможува преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја, при влез во Србија користете пасош. Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување на туѓо возило во случај возилото да не е лична сопственост.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА
Ремени: задолжително
Детски седишта: задолжително за деца до 3 години, деца од 3 до 12 години не смеат да се возат на предно седиште
Средно светло дење: задолжително
Прва помош сет: задолжително
ПП апарат: не
Триаголник: задолжително
Рефлектирачки елек: задолжително, мора да се облече кога се излегува од возилото на јавен пат
Зимска опрема: од 1 ноември до 1 април зимски гуми на сите 4 тркала – кога има снег или мраз на коловоз, синџири мора да се има во возилото во определениот период, а се користат за погонските тркала само таму каде што се поставени сообраќајни знаци.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА
greece

НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час
На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час
На останати патишта ограничувањето е од 90 до 110 км на час
За мотоцикл ограничувањата се: 40 км на час во населени места, 90 км на час на автопат и 70 км на час на останати патишта.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Грција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на хандс фрее. Казна до 100 евра.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 100/112, Амбуланта 166, во Атина 112, Пожарна 199/112, Специјален број на туристичка полиција 171, ЕЛПА (инфо-центар) 901 124 1600, ЕЛПА (аларм центар) 10400

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволеното количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторцилкисти 0,02%.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Грција не е потребна виза. Пасош. Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра)
Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца над 3 години, а пониски од 1,35 м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки од 1,35 можат да користат ремени за возрасни
Средно светло дење: задолжително за мотоцикли и мопеди
Прва помош сет: задолжително
ПП апарат: задолжително
Триаголник: задолжително
Рефлектирачки елек: не е задолжителен, но се препорачува
Зимска опрема: нема определено, период од ноември до март. Синџирите за снег може да се користат кога патиштата се покриени со снег или мраз. Максималната брзина за автомобили со синџири е 50 км/час.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО АЛБАНИЈА

zname-albanijaНАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места има ограничување на брзината од 40 км на час
На автопат ограничувањето е 110 км на час
На останати патишта максимална дозволена брзина е 80/90 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
Забрането – казна 1.000 до 4.000 албански леки (околу 2.000 денари)

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 129, Амбуланта 127, Пожарна 128, АЦА (помош на пат) 139, АЦА (инфо-центар) +355 4 2387 017 (раб. вр. 24 ч), +355 66 4001 222, +355 69 4001 222

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Возење под влијание на алкохол е најстрого забрането. Дозволено ниво е 0,01%

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Албанија не е потребна виза. Од 6.4.2012 со спогодба се овозможува преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја, при влез во Албанија користете биометриски пасош. Зелен картон: немате потреба од меѓународна возачка дозвола со радитификуваниот договор меѓу Македонија и Албанија. Кај овие соседи можете да возите и со биометриска возачка дозвола, но треба да имате дозвола за управување на туѓо возило во случај возилото да не е лична сопственост.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: употребата на ремени за возила произведени после 1990 год. задолжителна за сите седишта
Детски седишта: задолжително за деца под 12 години на предно седиште и за деца под 4 години на задно седиште
Средно светло дење: само при лоша видливост и во тунели
Прва помош: задолжително
ПП апарат: се препорачува
Триаголник: задолжително
Зимска опрема: синџири – задолжително е да се поседуваат синџири во возилото од 1 ноември до 30 април.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА

bugarija-makedonijaНАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места има ограничување на брзината за автомобил (со или без приколка) од 50 км на час
На автопат ограничувањето за автомобил е 130 км на час (на означени места и 140 км/час)
На останати патишта ограничувањето е 90 км на час
За мотоцикл ограничувањата се 50 км на час во населени места, 100 км на час на автопат, 80 км на час на останати патишта.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Бугарија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употреба на хандс фрее. Казна: 25 евра.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 166 или 112, Амбуланта 150 или 112, Пожарна 160 или 112, УАБ (помош на пат) +359 2 91 146, +359 2 980 3308.
Наведените телефонски броеви (на полиција, амбуланта и помош на пат) може да се бираат и од поставените СОС телефонски говорници, кои ги има само на автопат и се поставени на секои 2 километри.

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Бугарија за наши државјани не е потребна виза. Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување на туѓо возило во случај возилото да не е лична сопственост.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА
Ремени: задолжително, сите вградени (казна 25 евра)
Детски седишта: задолжително за деца до 3 години, деца над 3 години и пониски од 150 см можат да бидат на задно седиште без детско седиште
Средно светло дење: задолжително за сите возила во текот на целата година
Прва помош сет: задолжително
ПП апарат: задолжително за сите возила, со исклучок на мотоциклите
Триаголник: задолжително
Рефлектирачки елек: задолжително за сите лица кои го напуштаат возилото дење или ноќе на автопат. Задолжително и за мотоциклисти
Зимска опрема: во период од ноември до март. Зимски гуми се препорачуваат во текот на зимата, но не се задолжителни. Синџири за снег се дозволени. Нивната употреба може да стане задолжителна во согласност со условите на патот, во кој случај тоа е означено со патен знак. Кога возите со синџири за снег максималната брзина е 50 км/час.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ИТАЛИЈА

Oblast-na-jugu-Italije-u-kojoj-operiše-NdrangetaНАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места има ограничување на брзината за автомобили и мотоцикли од 50 до 70 км/час
На автопат ограничувањето за автомобили и мотоцикли е 130 км/час
На останати патишта ограничувањето е од 90-110 км/час

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Италија е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употреба на хандс фрее. Казна од 160 до 641 евра.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 113/112, Амбуланта 118/112, Пожарна 115/112, АЦИ (инфо-центар): +39 06 491716, АЦИ (алармен центар): 803 116

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Италија на нашите државјани не е потребна виза. Зелен картон, не мора да имате меѓународна возачка дозвола, во Италија можете да возите и со биометриска возачка дозвола, но мора да имате дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ремени: задолжително за сите седишта
Детски седишта: деца до 9 кг. мора да седат во детски седишта свртени кон назад, деца полесни од 36 кг. и пониски од 150 см. мора да користат специјални системи (ремени, седишта) соодветни за нивната големина
Средно светло дење: задолжително и дење и ноќе на отворен пат
Прва помош сет: не
ПП апарат: не
Триаголник: задолжително
Рефлектирачки елек: за сите лица кои излегуваат од возилото на пат надвор од населено место, ноќе или при слаба видливост
Зимска опрема: нема определено зимски гуми или синџири. Период: 1 ноември – 15 април. Во областа на Вал д’Аоста возилата мора да бидат опремени со зимски гуми или мора да се поседуваат синџири за снег во возилата од 15 октомври до 15 април. Зимски гуми на сите 4 тркала. Возила опремени со синџири не смеат да возат над 50 км/час.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИЗА ПАТУВАЊЕ ВО ТУРЦИЈА

turcija tviterНАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места: автомобили 50 км на час
Надвор од населени места: автомобили – 120 км на час
Останати патишта: 90 км на час;
Автомобили со приколка на автопат: 110 км на час
Останати патишта: 80 км на час
Минимална дозволена брзина на автопат е 40 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Турција е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на хандс фрее.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 155, Сообраќајна полиција 154, Амбуланта 112, Пожарна 110, Помош на пат +90 212 282 8140/217 или 223 информации

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%. Лимитот од 0,05% се однесува само за возачи на патнички возила без приколки и камп-приколки. За возачи на други возила лимитот е 0%.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За влез во Турција за наши државјани не е потребна виза. Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возила ако возилото не е лична сопственост.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА
Ремени: задолжително (казна 77 ТРЅ)
Детски седишта: задолжително, до 3 години на предно седиште во детско седиште, над 3 години, а пониски од 150 см на задно седиште во детско седиште
Средно светло дење: не
Прва помош сет: задолжително
ПП апарат: задолжително
Триаголник: задолжително, два триаголници за сите возила
Рефлектирачки елек: не
Ограничувања за тешки возила: возила над 7 тони имаат забрана за движење во Истанбул од 6.00 до 10.00 и од 16.00 до 22.00 часот во работни денови. Оваа забрана се однесува и за мостот “Фатих Султан Мехмет” преку Босфор.
Зимска опрема: зимски гуми. Период: 1 декември – 1 април. Синџири: според временските услови.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ХРВАТСКА

hrvatska eu 3НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места: ограничување на брзината за автомобил и мотоцикли од 50 км на час
На автопат: ограничување за автомобил и мотоцикл од 130 км на час
На останати патишта: ограничување од 90 до 110 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Хрватска е забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употреба на хандс фрее. Казна 500 куни.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 92 или 112, Амбуланта 94 или 112, Пожарна 93 или 112, ХАК (инфо-центар): +385 1 464 0800 (потоа бирајте 0), од Хрватска 062 777 777, ХАК(помош на пат): 1987 или од мобилен +385 1 1987

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволено количество алкохол во крвта 0,05%, освен за возачите кои управуваат со возила со носивост над 3,5 тони, професионални возачи и млади возачи до 24 год., кај кои толеранцијата е 0%.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Хрватска на наши државјани не е потребна виза. Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост. Сите посетители мора да имаат документи и билети за крајната дестинација или повратен билет и доволно финансиски средства, како што следува: минимум 100 евра на ден – минимум 50 евра дневно ако има официјална покана или туристички ваучер, суми над 10.000 евра мора да се пријават

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Ремени: задолжително за сите седишта (казна 500 куни)
Детски седишта: до 2 години задолжително на предно седиште во детски седишта соодветни според нивната возраст, деца до 12 години не смеат да се возат на предни седишта, од 2 до 5 години во соодветни безбедносни уреди на задно седиште, од 5 до 12 години соодветни ремени на задни седишта
Средно светло дење: задолжително за сите возила од последната недела во октомври до последната недела во март (казна 300 куни)
Прва помош сет: задолжително
ПП апарат: само за комерцијални возила
Триаголник: задолжително. За возила со приколка потребни се 2 триаголници.
Рефлектирачки елек: задолжително, стандард ЕН-471
Зимска опрема: зимски гуми на сите 4 тркала или летни со синџири. Период: 15 ноември – 15 април. Од 6 декември 2013 во Хрватска е воведен пропис за задолжителна зимска опрема на зимските делници на јавните патишта во периодот од 15 ноември до 15 април, без оглед на моменталната состојба на патиштата. Минимална длабочина на шарка 4мм. Непочитувањето на овој пропис се казнува со глоба од 300 куни и исклучување од сообраќај.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЦРНА ГОРА
crna gora
НАЈВИСОКА ДОЗВОЛЕНА БРЗИНА
Во населени места: сите возила 50 км на час
Брзи патишта: 100 км на час
Останати патишта: 80 км на час
На сите патишта: 80 км на час.

УПОТРЕБА НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН
За време на возење во Црна Гора е забранета употребата на мобилен телефон, казна 60-150 евра. Дозволена е употреба на хандс фрее.

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ
Полиција 122, Амбуланта 124/122, Противпожарна бригада 123/122, АМСЦГ (инфо-центар): +382 20 234 635, АМСЦГ (аларм центар): +382 20 19807 / 20 234 999 или 19807

ДОЗВОЛЕНО КОЛИЧЕСТВО АЛКОХОЛ
Дозволеното количество на алкохол во крвта е 0,03%, но доколку медицинското испитување укаже на нарушени нормални функции, возачот може да се казни без оглед на нивото на алкохол во крвта.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За влез во Црна Гора не е потребна виза. Со спогодба е овозможено преминување на границата на државјаните на двете земји со биометриски лични карти. Доколку патувате за трета земја( н.пр. Хрватска), при влез во Црна Гора користете биометриски пасош. Зелен картон, меѓународна возачка дозвола и дозвола за управување со туѓо возило ако возилото не е лична сопственост. Еколошка такса повеќе не се наплаќа.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ОПРЕМА
Ремени: задолжително
Детски седишта: не, деца под 12 години не смеат да се возат на предни седишта
Средно светло дење: задолжително за сите возила
Прва помош сет: задолжително
ПП апарат: не
Триаголник: задолжително
Рефлектирачки елек: задолжително
Зимска опрема: мин. 2 зимски гуми или летни со синџири. Период: 15 ноември – 31март. Товарни возила од 15 ноември до 31 март како дел од зимска опрема треба да носат и лопата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1