Две гранати кои ги исфрлиле сириските бунтовници, паднале на територија на руската амбасада во Сирија, но никој не е повреден.
„Сириските бунтовници гранатите ги исфрлиле на амбасадата во утринските часови, кога напред се собрале околу 300 приврзаници на владата на претседателот Башар Асад како би изразиле благодарност на Москва поради интервенциите во Сирија“, рекол првиот секретар на амбасадата Елдар Курбанов.
Тој додал дека нема информации за тоа дали е отворен оган на демонстрантите.
Сведоците за Ројтерс рекле дека гранатите изгледа паднале во затворен парк околу амбасадата, но дека не ја погодиле зградата. АФП јавува дека собраните приврзаници виореле руски знамиња и ги носеле сликите на рускиот претседател Владимир Путин.
Набљудувачи од Организацијата за човекови права рекле дека проектилите се исфрлени од источното предградие, во кое се тврдините на исламистичките бунтовници.
Руската амбасада била и претходно нападната со ракети. Еден од нападите бил на 21 септември, девет дена пред почетокот на руските воздушни удари во Сирија. Во мај едно лице загина од гранати кои паднале во близина, а други три се повредени во април кога гранати паднале внатре во комплексот на амбасдата.