Во град на истокот на Франција во воздух е дигнат ресторан за кебапи кој се наоѓа веднаш покрај џамија. Градоначалникот на градот смета дека експлозијата е поврзана со убиството на новинарите од Шарли Ебдо.
Како што јавија 20Minutes.fr кој се повикува на полициски извори, експлозијата се случила во 6 часот утрото.
Пожарникарите и полицијата се оградиле од изјави и за сега не се објавени детали.