Одморите ги качија сметките за струја


ЕВН ПАУШАЛНО ЈА НАПЛАЌА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ЗА ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ

Одморите ги качија сметките за струја

Голем дел од граѓаните за август добија повисоки сметки за струја, а некои и дупло. Кога ги споредиле киловатите наведени во сметките и оние реално потрошените на броилото, заклучиле дека треба да платат за непотрошена струја…

smetka strujaАвгустовските сметки за струја, шок за граѓаните. Многу од нив ги изненади сумата која треба да ја платат за потрошена електрична енергија која е речиси двојно повисока од месеците јуни и јули.

Од ЕВН велат дека нема место за загриженост  бидејќи пракса на оваа компанија е неколку пати годишно да доставува паушални сметки. Тоа се прави и во месец август поради годишните одмори кога најголем дел од граѓаните не се во своите домови, па инкасаторите не можат да им ги прочитаат броилата.

-Следниот месец состојбата ќе биде порамнета, а корисникот ако сака и сега може да добие корегирана сметка само треба да поднесе барање до корисничкиот енерго центар и корегираната сметка ќе им биде изготвена, велат од ЕВН Македонија.

Од ЕВН велат дека и понатаму праксата за издавање паушални сметки останува.

Но, граѓаните не се согласуваат со тоа. Велат дека августовската сметка ја плаќаат во септември, а се знае колку нивниот буџет дополнително е оптоварен овој месец земајќи ги во предвид подготовките кои се прават за престојната зима, а и трошоците за децата кои тргнуваат на училиште. Сугерираат, ЕВН ваквите паушални сметки да ги издава во некој период кој финансиски е помалку оптоварен како што е на пример месец  јуни или јули.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1