Одомор во Хрватска или на Азурен брег исто му се фаќа – барем според цените


Годинава на Јадранот се очекуваат дваесетина отсто повеќе туристи отколку лани, но повеќето се жалат на скапотијата, особено во шпицот на сезоната.

dubrovnikОдморот  во Дубровник, на Хвар и во Опатија, е и најскап. Овие три бисери на хрватскиот туризам ги кренаа цените како да сте на Азурниот Брег, па е речиси невозможно да се најде сместување во екот на сезоната под сто евра. Ниту рестораните не се поевтини, бидејќи ручек или вечера за двајца исто така се сто евра, па во конкуренција со Јадранот и Италија веќе не е  скапа.

Ровињ сега има хотели со пет ѕвезди, како што се „Лоне“ и „Монте Мулини“, каде во сезона ноќевањето чини речиси 300 евра.

Во старата дама на хрватскиот туризам – Опатија, и покрај високите цени, гостите често доаѓаат. Станува збор и за оние кои со години се навикнале на овој дел од Јадранот, но скапотијата оваа година избрка и многу српски туристи од Кварнерот, а слично се случува и на Хвар.

– Хвар стана топ дестинација и цените се формираат според богатите гости, велат во Туристичката заедница на Хвар и додаваат: „Има се помалку хрватски туристи, па дури ниту Словенците, кои имаат највисоки плати во овој дел на Европа, веќе не доаѓаат на Хвар“.

– Додека цените дивеат, а тоа сега се случува, тешко дека гостите од соседството ќе  доаѓаат, предупредуваат туристичките претставници.

Оваа година Јадранот е поскап за дваесетина отсто, а некаде и повеќе и наскоро ќе не заобиколуваат и богатите гости од Европа и Русија.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1