Одземени телефони на пратениците Трајко Вељаноски и Весел Мемеди


Адресите на 36 осомничени, чие приведување беше побарано од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со настаните од 27-ми април, не биле единствените локации на кои полицијата добила наредба да постапува. Како што дознава ДВ од извори од истрагата, во вторникот утрото полицијата посетила уште две адреси: домот во Скопје на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, и домот во гостиварско на пратеникот Весел Mемеди од Национална демократска преродба, која беше дел од коалицијата „Алијанса за Албанците“, објави Дојче Веле.Во тоа постапување и на двајцата им биле одземени мобилните телефони. Од истрагата засега не соопштуваат детали, но се претпоставува дека нивните телефони содржат информации за одредени комуникации во критичниот ден, кои би можеле да помогнат во расветлувањето на одредени активности на 27-ми април. Засега не е јасно дали сомнежот е поврзан за нивна меѓусебна комункикација или за нивна комуникација со други лица.

Дали одземените телефони ќе го дадат одговорот на овие прашања ќе покаже истрагата. Денеска на повик на телефонскиот број на пратеникот Весел Мемеди се вклучува услугата за примање гласовни пораки, а кај Вељаноски јавува дека „корисникот го исклучил мобилниот телефон“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1