Локалната полиција од Лос Анѓелес и официјално, преку прес-конференција, ја потврди несреќата во која загина НБА легендата Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана.
Шерифот соопшти дека загинале вкупно девет лица, што е повеќе од бројката со која претходно се шпекулираше. Американските власти го критикуваа и начинот на известување на медиумите притоа барајќи и почит кон жртвите. Побараа да не се објавуваат нивните имиња пред да бидат официјално известени нивните семејства…