Директорот на Градската болница 8-ми Септември, Христијан Костов соопшти сега досега во оваа болница од донесените патници од превртениот автобус кај Тетово четворица се мртви, а еден од во критична состојба и се бори за живот.
Директорот Костов рече дека се уште пристинуваат возила на брза помош со повредени патници и очекува таа бројка да стигне до 40-45 луѓе. Додаде дека болницата има капацитети да се справи со оваа ситуација.
Според неофицијалните информации, 7 патници загинале на самото место, а петмина починале во болниците.
Петмина од повредените се згрижени во Ургентниот центар и нивната состојба е се животнозагрозувачка.
Меѓу овие повредени има и една трудница, а останатите се возрасни лица. Поради сериозноста на повредите мобилизиран е целиот медицински персонал на Ургентниот центар и ослободени се сите операциони сали.
Повредените главно се со повреди на екстремитеите и абдоменот.
Министерот за здравство Венко Филипче, од пред скопската болница „8 Септември“ го соопшти билансот на загинати и повредени од превртениот автобус на патот Скопје-Тетово.
Во скопската болница „8 Септември“ се примени 25 пациенти, 22 од нив се хоспитализирани, а тројца се полесно повредени и ќе бидат пуштени.
Четворица пациенти се во интензивна нега, а двајца се подготвуваат да бидат оперирани.
Во Клиничкиот центар се примени вкупно 5 пациенти, од кои тројца лесно повредени, една од тие е бремена, но полесно повредена и би требало да биде пуштена на домашно лекување.
Еден од примените на Ургентниот центар ќе биде опериран, а еден се бори за живот, додека една пациентка е пренесена во Градска болница.
Полицијата работи на утврдување на идентитетот на повредените.
Седум од патниците починале на лице место, а 5 во болниците.
Во моментов вкупно 5 повредени се борат за живот.
Меѓу повредените и загинатите нема деца.
Инаку, 13 возила на Итната помош од Скопје, Тетово и Куманово интервенирале, а 9 скопски амбулантни возила по 2 пати се враќале да ги превезат тешко повредените лица во Скопје.