Официјално: Коце Трајановски за Скопје – Јагнула Куновска против Стевче во Карпош


Сакаме да ја информираме јавноста дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница донесе одлука  да му предложи на ЦК да се  утврдат имињата на десет кандидати на градоначалници од редовите ВМРО-ДПМНЕ.

koce-trajanovskiВМРО-ДПМНЕ и на овие избори излегува со решенија за кои што смета дека се најдобриот избор за развојот на општините и за граѓаните.

При селекцијата на кандидатите за градоначалници беа земени предвид повеќе вредносни критериуми, од кои за нас посебно значаен е квалитетот на понудените програми, кои што луѓето кои ќе ги прочитам ги доставија до нас.

Во програмите беа понудени проекти кои се во интерес на граѓаните на соодветите општини и нудат проспесперитет за сите. Програмите во себе содржеа предлози со кои ќе се унапреди комуналниот, но и стопанскиот и економски развој, што од друга страна директно ќе биде во корист на стандардот и квалитетот на живеење на граѓаните. Сметаме дека овие кандидати уживаат авторитет во нивните општини, пред се поради нивната претходна работа и придонесот кој што го имаат давано за изградбата и развојот на општините во кои живеат и работат.

На седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беше одлучено како кандидати за престојните локални избори на Централниот Комитет да му ги предложиме:

          За кандидат за градоначалник на Град Скопје го предлагаме г Коце Трајановски, досегашен градончалник.

          За градоначалник на О. Петровец го предлагаме г. Борче Митревски, досегашен успешен градоначалник.

          За градоначалник на О. Илинден го предлагаме г. Жика Стојановски, досегашен успешен градоначалник.

          За градоначалник на О. Охрид го предлагаме д-р Никола Бакрачевски.

          За градоналаник на О. Карпош ја предлагаме г-ѓа Јагнула Куновска.

          За градоначалник на О. Битола го предлагаме г. Владимир Талевски, досегашен успешен градоначалник.

          За градоначалник на О. Прилеп го предлагаме г. Марјан Ристески, досегашен успешен градоначалник.

          За градоначалник на О. Ново Село го предлагаме г. Блажо Велков.

          За градоначалник на О. Струмица го предлагаме г. Васил Пишев, приватен стопанственик и пратеник во Собранието на Р.М. и

          За градоначалник на О. Куманово го предлагаме Доктор Зоран Ѓорѓиевски

(Интегрален текст од прес конференција на Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ)

Makfaks

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1