Од ВМРО ДПМНЕ потврдија дека Сашо Мијалков поранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и началник на УБК и Никола Тодоров поранешниот министер за здравство – вечерва се исклучени односно против нив партијата започнала процедура за исклучување од членство.
За нив и за другите членови кои што го нарушиле партискиот статут конечен збор треба да дадат оштинските комитети.
Конкретно за исклучувањето на Мијалков ќе треба да решава Општинскиот Комитет во Центар.
Предлогот на исклучување на Тодоров дошол од Општинскиот комитет Карпош од каде што доаѓа тој.
Исклучени се и Костадин Богданов, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и ’реформаторот’ Петар Богојевски.
Еве што беше кажано во изјавата на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ
,,ВМРО ДПМНЕ ОДРЖА ИСТОРИСКА СЕДНИЦА НА ПАРТИЈАТА , имаме силен механизам да се прочистиме и да се вратиме на идеалите на партијата и во очи да го погледнеме македонскиот народ. Од денес нито нема да е исто, партијата завршува со минатото и оди напред реформирана.
На иницијатива на претседателот Мицковски да се одржи конгрес за доверба, ЦК по дискусија едногласно одлучи да го одбие овој предлог и нема потреба за конгрес и Мицковски ја има целата поддршката за водење на партијата.
Заради дејствување спротивно интересите на ВМРО ДПМНЕ И МАКЕДОНИЈА, соработка со Заев и организирање група за закани уцени и покуп на пратениците ЦК го разреши Митко Јанчев со тајно гласање и резултат бил едногласен.
Разрешен и Богданов, а заради истите причини побара од Општинските комитети да ги исклучат Мијалков и Тодоров од членство.
Побара 8 те пратеници кои довербата ја добија од граѓаните и партијата веднаш да поднесат оставки од пратеничко место. Не добија поддршка од народот за да го менуваат името и уставот и затоа треба да ги вратат мандатите.
Бараат обвинителство да истражи поткуп и уцена на пратениците.
Им честитаме нова коалиција на Заев и Мијалков, односно Зоран и Вице Заев и Мијалков, рече портпаролот на партијата ВМРО ДПМНЕ