Оглас за работа: Бараат некој да шета по луксузни летувалишта со милион евра – ЛИНК за пријавување


Ако некогаш сте сонувале да патувате на луксузни дестинации низ целиот свет со 1 милион евра џепарлак, тогаш ова е Вашата шанса. Туристичка агенција за луксузни патувања бара некој што ќе патува цела година на луксузни дестинации со буџет од 1 милион долари а се што треба да прави е да ужива и пишува рецензии. И уште подобро е што не мора да патува сам туку компанијата дозволува да поведе уште една личност со себе.

travel patuvanje luksuzСекако, постојат и одредени услови кои треба да ги исполнувате за да аплицирате на овој оглас. Среќниот патник мора да биде образован, комуникативен, елоквентен и да го бива за пишување. Мора да поседува одредени знаења за државите во кои ќе претстојува и мора да има големо познавање од уметноста и кулинарството на земјите.

Освен луксузните хотели среќниот патник ќе мора да ги посетува и ноќните клубови и ресторани. Во склоп на патувањата предвидено е и возење на луксузен воз кој се состои од 14 апартмани и седум вагони. Ноќевање во еден од апартаманите чини 2.400 фунти.

За да се пријавите на огласот мора да се регистрате на веб страната VeryFirstTo.com/job и во 65 збора да објасните зошто баш Вие ја заслужувате оваа шанса. Покрај тоа мора да ја закачите и Вашата биографија.

Ова е линкот каде може да се ПРИЈАВИТЕ 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1