Што е монструме, што ме гледаш? Сестрата на убиената српска манекенка на суд


Судењето на убиецот на манекенката од Нови Сад, Владислава Червенко, е закажано на 21 март, а одбраната ќе тврди дека тој е поделена личност.

dejan i vladislavaСестрата на манекенката, Тања Червенко, завчера во судницата не можела да се смири и постојано извикувала:

– Што е монструме што ме гледаш? Не ти се плашам ни сега а нема да ти се плашам ни во иднина. Мислиш дека вака ќе добиеш слобода?, извикувала сестрата, пренесе српскиот Курир.

Таа вели дека кога го видела неговиот поглед не можела да се смири и дека ако така ладнокрвно ја гледа неа, кој знае како ја гледал нејзината сестра.
Сега, одбраната на наредното рочиште закажано за 21 март ќе се обиде да ги убеди судиите дека Даријан Мишиќ е поделена чичност и дека има психички проблеми.

За потсетување, Даријан ја уби својата девојка Владислава во 2012 година, поради љубомора. Тој ја претепа до смрт во нејзиниот стан во Нови Сад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1