Трагедија: Во сообраќајка загина голманот и директор на репрезентацијата Милошевски – 3 повредени


Во тешка сообраќајна несреќа синоќа загина поранешниот македонски голман, а сега спортски директор на репрезентацијата Петар Милошевски. Во сообраќајката полесно повреден е претседателот на федерацијата Илчо Ѓорѓиоски, а со тешки повреди се здобиле Зоран Зафиров од ФФМ и Рахила Илиева, како и возачот на комбето марка „УАЗ“.

soobracajka-p1-500

Според информациите од МВР синоќа околу 23:35 часот на патот Крива Паланка – Куманово, на клучката кај населбата Карпош се случила сообраќајка во која загинал поранешниот голман на фудбалската репрезентација Петар Милошевски.

Имено, сообраќајката се случила кога мини комбе марка „УАЗ“ управувано од 62-годишниот Ж.Б. од кумановско Мaлотино, кое се движело од Куманово кон Крива Паланка, директно се судрило со автобомил марка „Пежо“ во сопственост на ФФМ кое било управувано од страна на Илчо Ѓорѓиоски, претседател на федерацијата и кое по судирот излетало од патот, а кое се движело во правец од Крива Паланка кон Куманово.

milosevski-pero-500Во сообраќајката на лице место загинал Петар Милошевски, додека Илчо Ѓорѓиоски се здобил со полесни повреди. За тешката сообраќајка говори и фактот што повредените биле тешко извлечени од автомобилот.

Заедно со Милошевски и Ѓорѓиоски, во автомобилот се наоѓале уште две лица, а неофицијално се работи за Зоран Зафиров од ФФМ и Рахила Илиева. Тие двајца заедно со возачот на мини комбето Ж.Б. се здобиле со тешки повреди и се пренесени на Клинички, но според информациите се надвор од животна опасност.

soobracajka-p-500Од Клиничкиот центар за Канал 5 потврдиле дека 4-цата повредени од тешката сообраќајна несреќа во која загина директор на фудбалската репрезентација Петар Милошевски се примени на болничко лекување во текот на ноќта.

-Тројца потешко повредени по првичните хируршки зафати се сместени на скопските клиники. Двајца од повредените се на КАРИЛ, додека третиот тешко повреден е на Клиниката за трауматологија. По укажаната лекарска помош четврто повредениот е пуштен на домашно лекување, пишува Канал 5.

фото: Kumanovo news

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1