Ограбена Инфективната клиника – украл сеф во кој имало пари од екс СФРЈ


Непознат сторител вчера попладне меѓу 15.00 до 19.30 часот извршил кражба на Клиниката за инфективни болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.infektivna_3

МВР соопшти дека крадецот најверојатно со возило влегол во кругот на Клиничкиот центар и дошол до Клиниката за инфективни болести, каде што со употреба на погоден алат ги пресекол металните прачки од заштитната метална решетка на прозорецот од благајната, влегол внатре и го украл сефот, по што заминал во непознат правец. Според првичните сознанија на полицијата, во сефот имало 16.000 денари, банкноти и кованици во разни апоени од поранешна СФРЈ, три картички од по 5.000 денари за точење гориво во „Макпетрол“, фискална каса, магнетна картичка за влез во Клиниката и беџ за идентификација на име на Р. Д. и други предмети.

Вкупната шета што ја предизвилак крадецот се проценува на околу 86.000 денари. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1