Еди Марфи таткото по 9-ти пат!


Еди Марфи наскоро може да стане најмногудетниот татко. 54-годишниот актер комичар ја потврди веста дека ќе стане татко по деветти пат. Мајка на идното бебе е девојката модел Пејџ Батчер.

Двојката е заедно 4 години, двајцата очекуваат да станат родители во мај.edi marfi

“Еди е вистински семеен човек. Тој ги обожава сите деца и е многу возбуден дека повторно неговото семејство ќе се прошири “, призна извор пред Daily Mail Online.

Од бракот со Никол Марфи, со која се раздели во 2006 година, по 22-годишен брак, Марфи има 5 деца – Брија (25), Мајлс (22), Шејн (21), Зола (15) и Бела (13 ).

Со Пулен МeкKини Еди има син Ерик (26), а со Тамара Худ 25-годишниот Кристијан. Актерот успеа да и направи дете и на поранешната спајсица Мел Би, од која има 8-годишна ќерка Ангел.

„Иако неговите деца имаат различни мајки, сите се собираат често за празници и други настапи и се однесуваат како вистинско семејство. Децата го сакаат многу, а нивните мајки одамна го преболеле Еди и имаат други мажи во нивниот живот, па се разбираат идеално “, додаде изворот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1